Џ. К. Роулинг, Ема Вотсон - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Писателката Џ. К. Роулинг остро ја искритикува Ема Вотсон поради ставот за трансродовите луѓе

Познатата писателка Џ. К. Роулинг остро ја критикуваше „неинформираната“ Ема Вотсон во новата расправија околу правата на трансродовите луѓе. Авторката на книгите „Хари Потер“ тврди дека актерката, која ја толкуваше улогата на Хермиона Грејнџер во филмските адаптации на нејзините бестселери, „долила масло на огнот“ на нападите и навредите кои Роулинг ги претрпела, пренесува „Пипл“.

Според неа, тоа се случило со коментарите што Ема ги дала на прашањата за трансродовите лица.

Минатата недела, 35-годишната актерка во поткастот на Џеј Шети изјави дека и понатаму ја сака Роулинг, и покрај нивните различни ставови за родовиот идентитет.

Роулинг, сепак, сугерираше дека Ема и нејзиниот колега Даниел Редклиф ја искористиле својата поврзаност со „Потер-светот“ за да настапуваат какоде факто портпароли“ на франшизата.

Во подолга изјава објавена на Твитер, писателката напиша:

„Ема и Ден особено јасно ставија до знаење во последните неколку години дека сметаат оти нашата поранешна професионална врска им дава посебно право, па дури и обврска, јавно да ме критикуваат мене и моите ставови. Години по завршувањето на нивната работа во „Потер“, тие сè уште ја преземаат улогата на де факто портпароли на светот што јас го создадов“, објави Роулинг, пренесува „Дејли стар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот