ПИРАТИ КИДНАПИРАЛЕ БРОД ВО КАМЕРУН: Меѓу заробените има тројца руски државјани!

Непознати лица во подрачјето на пристаништето Дуала во Камерун вчера го нападнале бродот „Мармалајта”. Меѓу грабнатите членови на екипажот тројца се руски државјани, јавија светските агенции.

-Врз основа на расположливите информации, на 15 август, во подрачјето на пристаништето Дуала во Камерун непознати лица го нападнале товарниот брод „Мармалајта” на данската компанија „Ултрабалк”, што пловел под знамето на Антигва и Барбуда, соопшти камерунското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Тасс.

Според агенцијата „Марлоу навигејшн Русија” од Санкт Петербург, напаѓачите заробиле осум членови на екипажот, меѓу кои тројца се граѓани на Руската Федерација.

Руските дипломати соработуваат со камерунската Влада и данската поморска компанија за да го овозможат брзото ослободување на грабнатите морнари.

Се води истрага за тоа како дошло до нападот, а се претпоставува дека напаѓачите се нигериски гусари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот