epa08414584 Guests take a selfie picture as they clink glasses at the terrace of a bar in Pamplona, Navarra, northern Spain, 11 May 2020. Navarra is one of the Spanish regions on phase one of the Spanish de-escalation plan amid the ongoing coronavirus COVID-19 pandemic. During the first phase, shops and bars' terraces are allowed to open. EPA-EFE/JESUS DIGES

Пилот проект: Шпанија ќе тестира четиридневна работна седмица

Шпанија може да стане една од првите земји во светот што ќе воведе четиридневна работна недела, откако Владата се согласи компаниите заинтересирани за таа идеја да учествуваат во пилот проект, пишува „Гардијан“.

На почетокот на оваа година, малата левичарска партија во Шпанија, Мас Паис, соопшти дека Владата ја прифатила нејзината понуда за тестирање на идејата. Од тогаш се водат разговори, а следниот состанок се очекува да се одржи во наредните недели. Партијата забележува дека идејата за воведување на четиридневна работна недела (32 часа) означува почеток на реална дебата. Тие веруваат дека е време да се материјализира идејата.

За слична идеја се дискутира и во други земји, вклучително и Нов Зеланд и Германија. Застапниците на предлогот веруваат дека со тоа ќе се зголеми продуктивноста, ќе се подобри менталното здравје на работниците и ќе придонесе во борбата против климатските промени.

Лево ориентираните партии во Шпанија, каде 44-дневниот штрајк во Барселона во 1919 година ја направи земјата една од првите во Западна Европа што воведе осумчасовен работен ден, ја прифатија идејата.

Според Мас Паис, Шпанија е една од земјите каде што луѓето работат повеќе часови од европскиот просек, но не е меѓу најпродуктивните земји. Партијата смета дека повеќе часови работа не значи подобро завршена работа.

За деталите сè уште се разговара, но партијата предлага пилот-проектот да биде за период од три години и да се инвестираат 50 милиони евра, што ќе им овозможи на компаниите да го намалат работното време со минимален ризик. Трошоците за компанија што ќе воведе четиридневна работна недела може да се покријат 100 отсто во првата година, 50 отсто во втората година и 33 отсто во третата година.

Мас Паис проценува дека околу 200 компании со 3.000-6.000 работници можат да учествуваат во пилот-проектот. Целта е да се намали работното време, но да не се изгуби дел од платата или работата.

Проектот се очекува да започне најрано оваа есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот