Пијан кавадарчанец предизвикал сообраќајна незгода, полицијата го приведе

Полицијата синоќа го лишила од слобода педесет и тригодишниот Ж.Л. од Кавадарци. Тој со возилото „мерцедес“ кое го управувал предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од педесет и осумгодишниот З.Ѓ. од Кавадарци.

Како што информира денеска МВР, по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.99 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот