Фото: Pexels/cottonbro studio

Пицата во Хрватска е најскапа во ЕУ, во Словенија е најевтина

Хрватска е меѓу земјите од ЕУ со најголем пораст на цената на пицата во декември во однос на истиот месец лани.

Како што откриваат новите податоци на Евростат, минатиот декември цената на пицата купена во ЕУ била во просек за 5,9 отсто повисока отколку во декември 2022 година. Меѓу земјите на ЕУ, највисока годишна инфлација на пицата во декември минатата година е забележана во Унгарија (13,4 отсто), потоа Луксембург (11,3) и Латвија (10,6), објави Даница хр.

Хрватска е на шестото место по годишен раст на цените, кој изнесува 9 отсто. Во исто време, пад на цената од 0,9 отсто е забележан во Холандија во однос на декември претходната година, додека мали поскапувања се забележани во Данска (0,6), Белгија (1,0) и Словенија (1,1 отсто). Инаку, во моментов низ цела Хрватска се бараат повеќе од сто пица мајстори. Некои пицерии ги објавија и платите што ги нудат. Така, една пицерија во Вела Лука на Корчула на пица мајстор му нуди плата од 2.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот