Елена Петрова дополнителен заменик министер за финансии/Фото: Фејсбук

Петрова ја повика ДКСК: Владата донесе незаконска одлука за ангажирање на 459 лица со договори на дело во 35 ЈЗУ

Дополнителната заменик министерка во Министерството за финансии Елена Петрова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Владата донела незаконска одлука за ангажирање на 459 лица со договор на дело во јавни здравствени установи.

-На седница одржана на 27 февруари годинава владата постапувала по Известување од МФ за вработување на нови лица во случај на итни и неодложни работи во ЈЗУ. По насоките од Владата, МФ на 12.03.2024 год.доставило до ФЗО известување за обезбедени финансиски средства за ангажирање на 459 лица со договор на дело во триесет и пет ЈЗУ. Ова Е СПРОТИВНО на Изборниот законик, според кој по распишување на изборите за итни и неодложни работи се дозволува САМО ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ. Тоа е постапка која се спроведува со јавен оглас на кој може да учествуваат заинтересирани лица и да биде избрано лице кое ги исполнува условите. Договорот на дело пак е однос кој се воспоставува со определено лице, без можност да се вклучат повеќе заинтересирани лица, пишува заменичката министерка Петрова.

Таа додава дека според Изборниот законик, како итни и неодложни работи се дозволени вработувања по распишување на изборите САМО ВО ТОЧНО ОПРЕДЕЛЕНИ СЛУЧАИ: замена на отсутен работник поради подолго боледување или отсуство, смрт на вработен и сезонски работи.

-Дали 250-те медицински лица и 209 лица од друг персонал (преведувач, статистичар, дактилограф, општ работник и т.н.) се за замена на отсутни или починати вработени и за сезонски работи?, прашува Петрова и додава дека нејзина надлежност и обврска е да се грижи за законито користење односно располагање со буџетските средства во овој период кога се распишани изборите и е формирана преодна Влада заради организација на изборите.

Токму заради наведената повреда на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите Петрова најави дека ќе поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот