
Петковиќ го критикува Курти за неговиот став за евентуалната посета на Вучиќ на Косово
Според Петковиќ, Курти „се плаши“ од посетата на претседателот Вучиќ, бидејќи „тој знае што значи тоа за српскиот народ во Косово и Метохија“.
Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, го критикуваше премиерот на Косово, Албин Курти, кој рече дека дека нема да дозволи посета на српскиот претседател Александар Вучиќ во Косово.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Курти во интервју за Клан медиум Косово, на 30 март, рече дека “Со оглед на сегашните околности, Вучиќ нема да биде посакувана личност на Косово. Мислам дека не треба да дојде во Република Косово“.
Во март годинава самиот Вучиќ изјави дека се надева дека ќе може да го посети Косово до крајот на годината. Во рамките на техничкиот дијалог меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската Унија, двете земји постигнаа договор за официјални посети, кој стапи на сила на 1 декември 2014 година, но според договорот и ЕУ мора да биде информирана.
Со посредство на ЕУ и поддршка на САД, двете земји се во преговори за нормализација на односите од 2011 година. На 18 март двете земји го договорија анексот за имплементација на Договорот за нормализација, кој страните го договорија на 27 февруари во Брисел. Договорот од 11 члена, објавен на 27 февруари, не ја обврзува Србија да го признае Косово, но, бара двете земји да ги прифатат меѓусебните документи и симболи, вклучувајќи: пасоши, дипломи и лиценца и таблички.
Косово и Србија од почетокот на дијалогот постигнаа десетици договори, но повеќето од нив не се спроведени и страните меѓусебно се обвинуваат за стагнација.