фото: real madrid/x

„Петарда“ на „Метрополитано“ – Атлетико го понижи Реал, Алварез новиот принц на Мадрид!

Фудбалерите на Атлетико Мадрид приредија фудбалска лекција во градското дерби и со убедливи 5:2 го совладаа Реал на „Ванда Метрополитано“ во дербито од 7. коло на Примера. Херој на мечот беше аргентинскиот интернационалец Хулијан Алварез, стрелец на два гола и главен двигател на „јорганџиите“.

Атлетико тргна жестоко и уште во 14. минута преку Робин Ле Норман стигна до водство. Реал успеа да израмни со погодок на Килијан Мбапе, а потоа преку Арда Гулер дојде и до пресврт. Сепак, пред паузата Александар Серлот со глава донесе 2:2 и наговести вистинска фудбалска драма.

Веднаш по стартот на второто полувреме, Алварез реализираше пенал и повторно го врати Атлетико во водство (3:2). Само 13 минути подоцна, Аргентинецот со мајсторски изведен слободен удар го совлада Куртоа за 4:2 и ја запали трибината. До крајот, Антоан Гризман со својот погодок стави печат на убедливиот триумф – 5:2, еден од најубедливите во ерата на Диего Симеоне.

Атлетико со оваа победа се искачи на четвртата позиција и го намали заостатокот зад Реал на само шест бода. „Кралевите“ пак, ризикуваат да ја загубат лидерската позиција доколку Барселона слави против Реал Сосиедад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот