Израел/ Евровизија - Фото: Maya Levin / AFP / Profimedia

Пет земји се закануваат дека ќе ја бојкотираат Евровизија ако учествува Израел! Австријците тврдат: „Залудно е и не помага…“

По најавите од Ирска, Словенија, Холандија и Исланд, Шпанија во среда стана првата земја меѓу „Големата петорка“, петте најголеми учесници во натпреварот за песна на Евровизија , која официјално ја објави својата одлука за бојкот на настанот во 2026 година што ќе се одржи во Виена од 12 до 16 мај, доколку учеството на Израел продолжи според планот, пишува „Дојче веле“’.

„Големата петорка“ земји се Шпанија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.

Повлекувањето на земјата беше одобрено од мнозинството од одборот на директори на шпанскиот државен радиодифузен сервис RTVE, со 10 гласа „за“, четири „против“ и еден „воздржан“.

Гласањето дојде откако шпанскиот министер за култура, Ернест Уртасун, минатата недела изјави дека Шпанија треба да се повлече од настанот доколку Израел остане на списокот на земји учеснички.

„Културните бојкоти се глупави и залудни, тие не ни помагаат да одиме напред“, изјави државниот секретар во Министерството за надворешни и европски работи Сеп Шелхорн за австрискиот Куриер.

Исто така, австрискиот министер за надворешни работи изјави дека таков бојкот би „спречил важен дијалог меѓу уметниците и јавноста, без подобрување на ситуацијата на терен во Израел и Газа“.

„Длабоко сум загрижена за ризикот од поделба меѓу земјите од Европската радиодифузна унија по ова прашање“, рече таа.

Евровизискиот натпревар за песна ќе се одржи во австриската престолнина, во Виенската штатхале, на 12, 14 и 16 мај 2026 година. Ова е 70-то издание на ова популарно музичко натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот