
Пет нови случаи на делта сојот во Скопје, Куманово и Тетово
Во последната недела се детектирани пет нови случаи на индискиот (делта) сојот на ковид-19, информираше министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Три од новите случаи се од Скопје, а по еден случај има во Куманово и Тетово.
Препорачано
Филипче посочи дека во земјава освен индискиот-сој на вирусот има и други мутации, за кои, како што вели, единствен лек е вакцината против ковид-19. Затоа апелираше граѓаните да се вклучат во процесот на имунизација со цел да се спречи втор бран од болеста, но и да се избегне хоспитализација и тешки компликации, кои може да доведат и до смртни последици.
„За сите мутации вакцината е единствениот спас и граѓаните мора да се свесни дека тоа е начинот на кој ние може да ставиме крај. во моментов правиме анализи колку се вакцинирани оние сектори што ни се главен фокус – над 85 во здравството се вакцинирани, над 54 во градинките и исто толку од вработените во училиштата…Доколку се соочиме со нов бран, размислуваме за некакви нови органичување. Не можеме да живееме затворени. Затоа е и вакцината измислена, за да се врати животот во нормала“, вели Филипче.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5