
Песков: Преговорите со Украина вечерва во Истанбул, главна тема – меморандуми
Третата рунда директни разговори меѓу делегациите на Русија и Украина ќе се одржи вечерва во Истанбул, а фокусот на разговорите ќе биде размена на меморандуми со предлози за мирно решение, објави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Препорачано
„Тема на разговорите првенствено ќе бидат прашања поврзани со нацрт-меморандумите што беа разменети за време на претходната рунда“, рече Песков, нагласувајќи дека координацијата на овие документи е клучна за евентуален самит меѓу лидерите на двете земји, пренесе Тасс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно нагласи дека фокусот на преговорите треба да биде состанок на највисоко ниво, но Кремљ вели дека самитот би имал смисла само откако основните позиции ќе бидат дефинирани преку работни документи.
Руската делегација, чиј состав остана непроменет, ја предводи помошникот на претседателот Владимир Медински.
Планирано е да се разговара и за продолжување на процесот на размена на затвореници и тела на загинати, а Песков изјави дека, доколку е потребно, ќе бидат покренати и други прашања, за кои ќе одлучат шефовите на делегациите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5