Дмитри Песков
Дмитри Песков / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Песков: Односите на Русија и Британија се замрзнати

Москва е загрижена поради изјавата на британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб за преминување на британски бродови во водите на Црното Море, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

„Се разбира, ваквите изјави нè загрижуваат“, изјави портпаролот на Кремљ.

Песков исто така рече дека Москва и Лондон не одржуваат консултации за премин на бродови во Црното Море.

„Не, нема консултации. Сега, всушност, односите се замрзнати“ рече портпаролот на Кремљ.

Русија ќе преземе неопходни мерки доколку се наруши нејзината државна граница во Црното Море, рече Песков, коментирајќи ги изјавите на Рааб дека британски бродови „ќе продолжат да минуваат низ украински води”.

Конфликт меѓу Британија и Русија: Што всушност се случи со британскиот брод во Црното море?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот