
Песков: Објавувањето на транскрипти од разговори на светски лидери е невообичаена практика
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за објавените телефонски разговори меѓу американскиот претседател Трамп и укараинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека тоа е „невообичаена пракса“.
Препорачано
– Секако, оваа форма на објавување е невообичаена практика – рече Песков, коментирајќи го објавувањето на транскриптот од телефонскиот разговор меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој објасни дека ваквите разговори меѓу шефовите на држави, по правило, се доверливи или многу доверливи.
– Тоа е стандардна практика ширум светот и обично овој разговор не се објавува – рече Песков.
Според него, во случајот со Украина, објавувањето на записот е направено со заемна согласност, пренесува ТАСС.
– Секако, би сакале да се надеваме дека во нашите билатерални односи, кои веќе имаат доволно сериозни проблеми, нема да дојде до ваква ситуација – рече портпаролот на Кремљ.
На прашањето дали Москва ќе дозволи да се објават транскриптите од разговорите на Путин и Трамп, Песков рече дека нема универзален одговор, но дека секој случај треба да се разгледува одделно.
– Никој не ни се обратил со такво барање – додаде тој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5