Пештани / Фото: Агенција за државни патишта

Пештанец продолжил да гради и покрај забрана од инспекција, сега ќе одговара

Жител на охридското село Пештани ќе одговара затоа што ја игнорирал забраната за градба на објект за кој немал дозвола, соопшти полицијата.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(51) од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“ по член 389 од Кривичниот законик. Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, изведувал градежни работи без да поседува соодветна документација, што било констатирано од извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при општина Охрид, кој на пријавениот му доставил решение за отстранување на градбата, на градилиштето поставил службена лента за затворање на градилиштето и службен знак со податоци за негово затварање. При дополнително извршена контрола било констатирано дека пријавениот самоволно ги отстранил службената лента и табла и на почетокот на годинава, продолжил со градба“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот