
Пешиќ: Не најдовме решение за офанзивните скокови и тоа им даде самодоверба на Финците
Светислав Пешиќ, селекторот на српската кошаркарска репрезентација, зборуваше на прес-конференција по неочекуваната елиминација на неговиот тим од Европското првенство во осминафиналето против Финска.
Препорачано
Србите претрпеа пораз во осминафиналето од Финска (92:86) во Рига, иако беа фаворити за златото пред почетокот на Евробаскет:
– Прво, им честитам на Финска, одиграа одличен натпревар и заслужија да победат вечерва и ако некој мисли дека ние, како кошаркарска репрезентација на Србија, ја потценивме Финска, не го направивме тоа, знаевме пред натпреварот каква репрезентација е Финска и како играат и како шутираат, собираат скокови, тие се најдобри на турнирот во тој поглед со 16 по натпревар. Вечерва имаа 20 скокови во нападот и поради тоа, не треба да се сметаат за противник што треба да се потцени. Не најдовме решение за нив. Скокот е многу важен бидејќи загубивме од Финците кои шутираа 41 процент. Постигнаа 92 поени. Тоа дефинитивно е показател за тоа колку е важна одбраната и како не најдовме решение за офанзивните скокови и тоа им даде самодоверба и тие постигнаа тројки по офанзивните скокови и тоа е резултатот од натпреварот вечерва – рече Пешиќ во своите воведни зборови.
Пешиќ тврди дека причина за поразот не била лошата атмосфера во тимот, туку дека била истакната агресијата. Во исто време, тој откри дека играчите имале проблеми со повредите, но и дека меѓу нив се појавил вирус.
– Не победувавме натпревари врз основа на атмосферата. Не победувавме натпревари и не освојувавме медали врз основа на атмосферата, натпреварите се добиваат врз основа на квалитет и знаење. Можеме да бараме изговори, а вистинската ситуација е дека во ваков натпревар на ваков турнир мора да бидете физички подготвени и мислам дека не бевме на тоа ниво и ни недостасуваа многу работи. Неколку играчи беа под вирус. Вирус во смисла дека се болни, а Јовиќ имаше проблем и воопшто не тренираше освен утрово и тоа се работи што не се за оправдување, не бараме изговори, а со ваков тим и на ваков турнир тимот треба да го почувствува контактот и дека е присутен на теренот и не може да се каже дека играчите не дале она што можеле да го дадат, секогаш може да биде подобро, а тоа не се случи – вели Пешиќ.