Пешевска: Ситуацијата со Груби е доказ дека никој нема да биде поштеден од законот

„Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот, јас неколкупати кажав во јавноста дека е силна порака, дека никој нема да биде поштеден од законот и дека секој треба да одговара за она што се огрешил. Но, ме зачудува фактот што СДС беше седум години во коалиција токму со ДУИ и вицепремиер беше Артан Груби и цело време додека ние критикувавме и баравме одговори за одредени криминали и тендери во четири очи, огромни суми украдени и така натаму, СДС молчеа“, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска вечерва во гостување на „Канал 5“.

Според неа, СДСМ молчел затоа што немал доволен коалициски капацитет и владата се одржувала на стаклени нозе, па во името на коалицијата претходно, во изминатиот период се воздржувале, „а сега одеднаш ги отвораат очите и почнуваат да зборуваат“.

Во контекст на ДУИ, Пешевска смета дека оградувањето на партијата од Артан Груби е „само уште еден показател дека никој околу себе не сака да има човек од криминална природа или „труло дрво“ и со тоа си ја штитат партијата“.

„Каде беа претходно кога цело време укажувавме, видете сега, по година дена играње фудбал во канцелариите на Владата, сега се освестил Бујар Османи да каже дека тоа видео не требало да излезе. Прво, не требало така да се однесуваат во државните институции и каде бевте госпоѓо Тренчевска вие тогаш да реагирате, кога ние зборувавме, кога се поларизираше јавноста и која е фактурата што вие не ја спречивте и криминалите и еден куп пари што се однесоа од државната каса кога вие бевте во коалиција со ДУИ?“, прецизна е Пешевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот