epa-efe
Болница во Италија /Фото: EPA

Персоналот во германските болници ќе добие по 1.500 евра бонус

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан предвидува 1.500 евра бонус за повеќето луѓе кои работат во германскиот јавен здравствен систем.

Според медиумите од групацијата „Функе”, германската Влада ќе издвои вкупно 450 милиони евра за оваа намена, јави Бгнес. Премијата ќе биде исплатена не само на медицинскиот персонал, туку и на други луѓе кои работат во болници како што се хигиеничари. Слични бонуси беа доделени на медицинскиот персонал во септември.

– Вториот бран на пандемијата доведе до уште поголем притисок врз многу болници и луѓето кои работат таму, рече Шпан. Затоа, тој смета дека несебичната работа на овие луѓе да им помагаат на пациентите со Ковид-19 треба да биде наградена со дополнителен финансиски бонус.

Според предлогот на министерот, болниците мора да ги платат овие премии до крајот на јуни, а за нивната распределба ќе одлучува секоја здравствена установа за себе – најмногу во зависност од тоа кој медицински персонал и друг персонал биле особено зафатени поради пандемијата.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот