
Перински вели дека би му било „убав предизвик“ да биде градоначалник на Скопје
Министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека градоначалничката функција во главниот град е „убав предизвик“ и оти се надева дека во иднина неговите перформанси кои ќе ги даде работејќи како министер можеби ќе бидат причина да биде кандидат за градоначалниката позиција во Скопје. Дополнително, тој вели дека градоначалничкото столче е „посакувана опција, но не е загарантирана“.
Препорачано
„Можеби е логично и моето име да се врти во овие кругови како потенцијален кандидат за градоначалник на Град Скопје со оглед на позицијата која во моментов ја извршувам. Сепак, нашиот капацитет треба да се мери врз основа на тоа што сме го понудиле досега“, рече Перински.
Тој вели дека иако се гледа како потенцијален кандидат за градоначалник, доколку некој друг биде избран од партиското раководство, тој ќе го поддржи, додавајќи дека лично му претставува чест што сега е дел од Владата и дека се надева оти ќе ги оправда очекувањата како министер за локална самоуправа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
49мин
-
58мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5