
Пензионерите да си ги накриват капите и да го чекаат први во месецот! Тренчевска уверува Фондот е стабилен
Дупката во Фондот е драстично намалена, а бројките покажуваат дека неговиот дефицит се движи од 31 до 32 отсто, што е драстично помалку од ситуацијата во 2019 година, кога тој изнесуваше дури 47 отсто. Пензионерите не треба да се грижат, додаде Тренчевска и се пофали дека од 2022 година, кога беше донесена новата Методологија за пресметка на пензиите, тие до лани се зголемени за 30 отсто
Зголемените приходи од придонесите од новите вработувања го полнат пензискиот Фонд, тој е стабилен и пензиите редовно се исплаќаат секој први во месецот, соопшти министерката за труд и социјала Јована Тренчевска. Дупката во Фондот е драстично намалена, а бројките покажуваат дека неговиот дефицит се движи од 31 до 32 отсто, што е драстично помалку од ситуацијата во 2019 година, кога тој изнесуваше дури 47 отсто. Пензионерите не треба да се грижат, додаде Тренчевска и се пофали дека од 2022 година, кога беше донесена новата Методологија за пресметка на пензиите, тие до лани се зголемени за 30 отсто. Кога ќе излезат и пресметките за инфлацијата во првите три месеци, од март најстарите граѓани ќе добијат ново зголемување, дополни таа.
Препорачано
-Намалениот дефицит во Фондот е производ на зголемените приходи од придонесите од новите вработувања. И државата сега најредовно си ги плаќа сите ослободувања од придонесите, така што дефицитот постојано се намалува. Пензионерите може да бидат спокојни и да си го чекаат први во месецот, а во март ги чека ново зголемување – информираше Тренчевска.
Ако има потреба по изборите ќе се креира нов пакет мерки за помош на најранливите категории граѓани, а за некој ден ќе почне и исплатата на втората рата од помошта за најниските пензии.
Март ќе донесе и зголемена минимална плата и таа ќе се движи од 22.500 до 23.000 денари во прватниот сектор. Ова е основата за исплата на минималецот во приватниот сектор, а на тоа се пресметуваат минатиот труд и другите додатоци во зависност од дејноста, исткна Тренчевска.
-За две години, минималецот е зголемен за 7.000 денари, а од март веќе ќе нема плата пониска од 22.500 или 23.000 денари, во зависност од инфлацијата – истакна Тренчевска.
Директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, дополни дека работодавачите се многу повнимателни и речиси и да нема претставки за неисплатена минимална плата.
-Ако пред 6 години, текстилните работнички беа најоштетени со примања под минималецот, сега веќе ситуацијата сосема обратна. Тие се оснажија и не се плашат да пријават ако не им се исплаќа минималната плата, за што покрај нашите кампањи имаме најголема поддршка од невладините организации – рече Томовска.
Инаку, за првпат се воведува и јубилејната награда за долгогодишна и непрекината работа во една фирма и таа ќе се движи од 50 до 200 отсто од просечната бруто плата во државата. Се зголемуваат и додатоците се специјалните овластувања, како и платеното работно отсуство и тоа од 7 на 10 дена, вон годишниот одмор.