Нова сателитска снимка за напредувањето на рускиот конвој кон Киев/Фото: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT -- MANDATORY CREDIT: SATELLITE IMAGE 2022 MAXAR TECHNOLOGIES -- THE WATERMARK MAY NOT BE REMOVED/CROPPED -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Пентагон: Се чини дека рускиот конвој користи нова тактика на патот кон Киев

Повеќекилометарскиот конвој руски воени возила надвор од украинската престолнина Киев се дисперзира на повеќе места, но тоа не значи дека заминува, според американската влада, јави ДПА.

Некои возила излегоа од патот и се паркираа меѓу дрвјата, изјави висок претставник на американската одбрана на анонимен брифинг од Пентагон.

– Тие не одат никаде. Не е како да скршнале од патот до Киев, но веруваме дека се преселиле во дрворедите за да се обидат подобро да ги маскираат возилата бидејќи повторно, Украинците изнаоѓаат начини… за напад на возилата”, рече службеникот.

Пентагон не можеше да даде детали за тоа колку Киев опколен. Руските војници напредуваа во и околу предградијата на главниот град, но на други места тие се подалеку, пренесува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот