Пентагон / Фото: МИА

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон денеска објави дека американските напади ја забавиле нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни објекти.

Шон Парнел, портпарол на Пентагон, на прес-конференција изјави дека официјалната проценка е „веројатно поблиску до две години“.

Иран: Американските напади сериозно ги оштетија нуклеарните постројки Фордо, Исфахан и Натанц

Американските воени бомбардери извршија напади врз три ирански нуклеарни постројки на 22 јуни, користејќи повеќе од десет бомби од 13.600 кг за да ги уништат бункерите.

Резултатите од нападите внимателно се следат за да се види колку тие можеби ја уназадиле нуклеарната програма на Иран, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека таа е уништена.

Сателитските снимки покажуваат обновување на нуклеарните постројки на Иран

Во текот на викендот, шефот на нуклеарното надзорно тело на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Иран би можел да произведува збогатен ураниум во рок од неколку месеци, што предизвика сомнежи за ефикасноста на американските напади во уништувањето на нуклеарната програма на Техеран.

САД бомбардираa три нуклеарни постројки во Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот