Пендаровски, Силјановска /Фото: Кабинет на Претседател

Пендаровски ѝ ја честита победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оствари тет-а-тет средба со нејзиниот претходник Стево Пендаровски и ги поздрави вработените во Кабинетот на Претседателот.

-На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Сиљановска-Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата. Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава – соопшти претседателскиот Кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот