Пендаровски за Мицкоски: На бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница.

На прашање на граѓанин за односите со соседите, Пендаровски потсети дека иако денес се противи, Христијан Мицкоски пред извесно време на тогашниот бугарски премиер му кажал дека го поддржува Договорот за добрососедство.

„Тој веројатно заборава дека интернетот не заборава, Тој може да не лаже дека не го кажал тоа, меѓутоа тој на чист бугарски јазик му вели „Ште поткрепиме тој договор, ако јас лажам, повелете на интернет, проверете. Кога Мицкоски вели дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, не сака да каже една друга негова изјава, негов став и став на неговата политичка партија, дека тие се наследници на Ванчо Михајлов. Значи вели, шефот на историското ВМРО од тоа време и денешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ се во континуитет, значи тој се смета себеси за наследник на Ванчо Михајлов. А сите вие знаете дека Михајлов целиот свој живот се декларирал како Бугарин” порача Пендаровски.

Пендаровски пред присутните порача дека добро е Македонија што побрзо да стане земја-членка на ЕУ, затоа што тоа ќе донесе повеќе пари за земјоделството, за инфраструктурни проекти, за европски стандарди со што ќе се стави крај на иселувањето на младите.

Кандидатот за претседател Пендаровски, ги повика граѓаните на 24 април и на 8 мај да го заокружат бројот еден, за да продолжи напредокот кон ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот