Фото: Кабинет на Пендаровски

Пендаровски се сретна со словенечкиот министер за одбрана Шарeц, разговарале за актуелните случувања и безбедносните предизвици во регионот

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава.

На средбата била потврдена заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка во областа на одбраната, соработката во рамки на мисиите на НАТО, а биле разменети информации околу актуелните случувања и безбедносните предизвици во нашиот регион.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, во разговорите биле нагласено дека двете земји ќе продолжат да даваат несебичен придонес во регионалните иницијативи во интерес на натамошен развој на регионот и заедничка иднина во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски го поздравил потпишувањето на Договорот за соработка во одбраната меѓу двете земји, изразувајќи очекување дека истиот ќе ја продлабочи соработката меѓу двете земји и ќе отвори ново поглавје на иницијативи и проекти.

На средбата претседателот Пендаровски изразил жалење за претрпените загуби и штети во големите поплави што ја зафатија Словенија, додавајќи дека и сега, како и за време на шумските пожари во Северна Македонија, двете земји уште еднаш го докажаа меѓусебното партнерство и солидарност.

– Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за натамошна меѓусебна помош и поддршка во справување со елементарни непогоди и климатски предизвици, како и за заеднички одговор во итни случаи, се наведува во соопштението од Кабинетот на Претседателот на државата.

Пендаровски се заблагодарил за конзистентната словенечка поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ како и за севкупната поддршка од Словенија во насока на имплементација на реформските процеси и демократизација на земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот