Стево Пендаровски, кандидат за претседател, Фото: Фејсбук Пендаровски

Пендаровски: Државата не може да просперира без евроатлантските интеграции и меѓуетничката кохабитација

„Две се витални константи на македонската независност. Ако не внимаваме и на едното и на другото државата нема да просперира. Првото се евроатлантските интеграции, а второто се меѓуетничкиот соживот“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓансипт митинг во Тетово.

Тој додаде дека имаме историска традиција на меѓуетничка кохабитација, а со Рамковниот договор тоа стана дел и од Уставот.

„Досегашната пракса покажува дека меѓунационалните односи изминативе 6-7 години се повисоки од 11 години на претходниот режим. Младите не се тепаат во јавен транспорт, нема тепачки на Кале“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека во моментов меѓуетничките односи се најстабилни од независнсота до денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот