
Педро потврди дека ќе го напушти Челзи
Крилниот играч од Шпанија и екс член на Барса во интервјуто за „Кадена Сер“ не откри каде ќе ја продолжи професионалната фудбалска кариера.
Фудбалерот на Челзи, Педро, соопшти дека во летниот период ќе го напушти „Стефорд Бриџ“. На крилниот играч од Шпанија му истекува договорот со „Сините“, и судејќи според изјавата, до продолжение на соработката нема да дојде.
Препорачано
– Да, кога ќе ми истече договорот, си одам од Челзи – рече 32-годишниот фудбалер во интервјуто за „Кадена Сер“.
На прашањето дали знае каде ќе ја продолжи соработката, екс членот на Барселона вели:
– Сега тоа не е важно. Што и да се случи, ќе се случи, но сега не знаеме ни кога ќе се вратиме на тренинг поради целокупната ситуација (поради епидемијата на коронавирусот).
Педро во Челзи дојде во 2015 година од Барселона за 21 милион фунти. Во меѓувреме одигра 201 меч, постигна 43 голови и запиша 28 асистенции.
Со лондонската екипа успеа да ги освои Премиер лигата, ФА купот и Лига Европа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5