Пецас: Засега не е планирано патување на Мицотакис во Скопје, но може да се случи во иднина

Засега, не е планирано некое патување на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Скопје. Може такво нешто може да се случи во иднина, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на евентуална посета на Мицотакис на нашата земја.

– Постои можност за една следна средба на премиерот и со господинот Заев и со господинот Борисов, во рамките на „Thessaloniki Summit” во Солун. Ова ќе го видиме подоцна, во ноември – рече Пецас.

За вчерашната средба на премиерите на двете земји, портпаролот на грчката Влада рече дека она што е важно е дека Грција секогаш ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, а секако и на Северна Македонија.

Мислам дека покажавме дека во последно време доста напреднавме на сите нивоа. Во Парламентот веќе се доставени соодветните договори поврзани со напредокот на оваа соработка. Исто така, имаме кажано дека претпристапните разговори на ниво на ЕУ се секогаш добар форум, за да се задоволат грчките интереси. При секое отворање и секое затворање на поглавјата во преговорите, ќе се рефлектира позицијата на нашата земја ќе се рефлектира – рече Пецас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!