Џером Пауел/Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Пауел: ФЕД не сака да ги намали каматните стапки бидејќи инфлацијата е над целта

Откако Федералните резерви на САД (ФЕД) повторно ја задржаа референтната каматна стапка во опсег од 4,25 до 4,50 проценти, претседателот на американската централна банка, Џером Пауел, изјави дека институцијата не сака превентивно да ги намалува стапките поради фактот што инфлацијата е сè уште над целта од два проценти.

Тој, исто така, предвиде дека се очекува уште еден потенцијален пораст на инфлацијата во блиска иднина.

„Тоа не е ситуација во која можеме да бидеме превентивни, бидејќи навистина не знаеме кои ќе бидат вистинските одговори сè додека не добиеме повеќе податоци за инфлацијата “, рече претседателот на ФЕД.

Пауел, исто така, верува дека политиката на американската централна банка е соодветна, и покрај растечката закана од царините на претседателот Доналд Трамп.

„Се чини дека ризиците се зголемија како резултат на поголемата невработеност и инфлација, и веруваме дека сегашниот став за монетарната политика нè остава во добра позиција да реагираме навреме во зависност од економските случувања“, рече тој.

Креаторите на монетарната политика на Соединетите Американски Држави изјавија дека неизвесноста на економските перспективи е сè уште зголемена, објави Ројтерс.

Претставниците на ФЕД, исто така, забележаа дека американската економија продолжи да се шири со „солидно темпо“ и покрај флуктуациите во динамиката на извозот што имаат влијание врз економскиот раст.

Тие додаваат дека стапката на невработеност во САД се стабилизирала на ниско ниво , како и дека условите на пазарот на трудот остануваат задоволителни.

ФЕД, исто така, забележува дека инфлацијата останува малку висока.

Претставниците на американската централна банка едногласно донесоа одлука за монетарната политика.

Претходниот пат, кон средината на март, ФЕД исто така ја задржа клучната каматна стапка на исто ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот