
Партиските политики не може да бидат наметнати на државно ниво со локално дејствување
Албанските политички лидери од осамостојувањето на Македонија наваму, секогаш едни на други си покажувале „мускули“ кој во кој регион е посилен. Но, овој политички тренд низ годините создаде перцепција дека Албанците имаат регионални партии и покраински лидери.
Препорачано
– Вистина е дека самото прогласување на некое населено место како упориште на партијата создава вкус на локална или провинциска партија. Иако е нормално партиската припадност на граѓаните да варира од регион до регион од различни причини, не мислам дека условениот акцент на бастиони има корист за никого. Не може партиските политики да бидат наметнати на државно ниво со локално дејствување, вели аналитичарот Фатон Алити за „Слободен печат“.
Од друга страна, публицистот и директор на ТВ Клан М, Сељадин Џезаири за „Слободен печат“ нагласува дека партиското организирање во Македонија, е „коронавирус“ распространет во двата етнички табора, албанскиот и македонскиот.
– Земете ги проширените коалиции околу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, двете партии кои доминираат на партиската сцена во земјата и ќе видите дека бајрактаризмот е приближно ист за Македонците и Албанците, а зошто да не и за Турците. Убеден сум дека за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можеме да зборуваме за две веќе воспоставени сили, додека истите не можат да бидат амнестирани од одговорност за директно или индиректно влијание врз партиите на заедниците. Се разбира, тоа не значи дека меѓу Албанците, Турците, Бошњаците, Србите и Ромите, нема борачи кои се мерат според утринската сенка, според логиката ‘Kога тој може, зошто да не и јас?’. Во албанскиот блок, секако ова е поизразено поради географската локација или територијалната компактност – од Липково до Струга, нагласува Џезаири.
Според него, неодамнешните и претпоследните избори ја подигнуваат свеста за напуштање на феноменот што поради несогласувања во една партија – да се оди на формирање на новиот субјект затоа што се докажа дека нивната судбина на изборите е иста со онаа на „банкрот“ фирми.
Инаку, последниве денови се актуелни несогласувања и незадоволства во рамките на најголемата албанска партија, ДУИ на Али Ахметити. Додека претходно од незадоволство во партијата на Мендух Тачи, ДПА, се појавија многу фракции и беа формирани неколку партии. Од партијата на Тачи произлезе и Алијансата за Албанците на Зијадин Села.
Во меѓувреме, Алтернативата на Африм Гаши беше формирана од Движењето БЕСА, партија која беше формирано пред неколку години. До последниве парламентарни избори, Тетово се смета за упориште на Мендух Тачи, додека по изборите во јули минатата година, оваа област за неговото упориште тврди дека го има лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами.
Али Ахмети, како и секогаш по војната, го смета Зајаз со целиот кичевски за свое неоспорно упориште. Но, покрај партиските лидери, свои упоришта имаат и локалните лидери, кои секогаш кога ќе бидат незадоволни од партиската политика на национално ниво, му прават проблеми на локално ниво.