Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

Паркирани возила во паркот Ибни Пајко го уништуваат системот за наводнување, се жалат од „Паркови и зеленило“

На дивиот паркинг кај Даут-пашин амам на тревната површина на дел од паркот се паркират возила и го уништуваат системот за наводнување на ЈП „Паркови и зеленило“, се пожалија од претпријатието. Со овој проблем предизвикан од несовесни граѓани, како што велат, се соочуваат секојдневноод почетокот на сезоната.

Нашите екипи веднаш пристапуваат кон санација на оштетувањата, меѓутоа истата слика се повторува секојдневно. Дежурните лица затекнаа искршени и украдени прскалки кои ќе ги замениме со нови. Останатите активности редовно ги спроведуваме: ја косиме тревната површина редовно како би ја одржале оптималната висина , собираме откос, хартија и отпадоци и истата маса ја товариме и изнесуваме. Вршиме и полевање на тревата во доцните вечерни часови од 23 до 5часот изутрина поради апел за рационално користење на водата објавен од страна на ЈП Водовод и канализација, а и за да се избегне испарување на водата поради високите температури во текот на денот – велат од „Паркови и зеленило“ и апелираат до сите граѓани да не ја уништуваат урбаната опрема.

Паркот Ибни Пајко е сместен на просторот помеѓу Национална филхармонија и Даут-пашиниот амам на површина од 11000 м2. Исполнет е со урбана опрема, старо и ново зеленило, со тревна површина од околу 7500м2, каде е поставен систем за наводнување со прскалки.

Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот