Фото: Твитер

Париз бара целосна истрага за нападот на ИДФ врз Францускиот културен институт во Газа

Франција изрази зачуденот и неразбирање за израелскиот напад врз Францускиот културен институт во Газа, изјави денеска шефицата на француската дипломатија Кетрин Колона.

Таа додаде дека Париз бара целосна истрага за погодената зградата.

– Денеска објавивме дека Францускиот културен институт во Газа беше погоден пред неколку дена на начин што предизвика чудење, неразбирање и што ја натера Франција да побара објаснувања од израелските власти, изјави Колона за француските медиуми при посетата на главниот град на Нигерија, Абуџа.

Таа додаде дека Париз бара објаснување зошто Францускиот културен центар бил цел на израелски напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот