Фото: Unsplash / Raphael Renter

Парада на гордоста во Париз, одбележана со осуда на растечката хомофобија

Годишната Парада на гордоста во Париз започна денес со барање за одбрана на правата на ЛГБТ заедницата и посебен политички тон со кој се осудува порастот на хомофобијата на меѓународно ниво.

„Се наоѓаме во заканувачки, политички ужасен контекст. За прв пат по многу години, нашите права се навистина загрозени“, изјави Јулија Торлет, претседателка на SOS Homophobia, во близина на музејот Лувр.

„Мораме да се обединиме, сите ние, лезбејки, квир луѓе, трансродови луѓе, геј луѓе…“ додаде таа.

На чело на поворката е голем транспарент со натпис „Против реакционерната интернационала“, додека собраните рекоа дека со загриженост следат што се случува во САД, Унгарија, Италија и Русија.

Учесниците велат дека контекстот е тежок, бидејќи трансфобијата е во пораст на меѓународно ниво, наведувајќи го како пример обидот за забрана на Маршот на гордоста во Будимпешта, кој сè уште е во тек.

Прајдот во Будимпешта ќе се одржи и покрај заканите

Парискиот прајд, организиран од Интер-ЛГБТ, организација која вклучува околу 50 здруженија, ќе заврши во текот на денот со концертни настапи на разни уметници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот