Profimedia
Фото: Profimedia

Папата Франциск именуваше 13 нови кардинали од целиот свет

Папата Франциск официјално именуваше 12 нови кардинали од целиот свет. Десет од 13 новоназначени кардинали имаат под 80 години и можат да учествуваат во конклавата за избор на нов папа.

Новите кардинали се идеолошки блиски до папата Франциско, кој става акцент на лошата позиција на мигрантите и сиромашните и промовира дијалог со други вери.

Церемонијата на назначувањето на новите кардинали од Европа, Америка, Азија и Африка се одржа во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Два од кардиналите се од земји со муслиманско мнозинство – Индонезија и Мароко.

Другите кардинали се од Луксембург, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија, Литванија, Конго, Гватемала, Куба, Канада и Ангола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот