Фото: МВР

Палеле бакарни жици и ја запалиле депонијата во Струга – полицијата им поднесе пријави

Полицијата поднесе кривични пријави против прилепчанец и стружанец кои пред неколку дена палејќи бакарни жици и други предмети, ја запалиле градската депонија во Струга.

-ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против Ф.Н.(61) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавените, на 02.08.2025, на градската депонија во Струга, биле затекнати при вадење бакарни жици од разни предмети, кои потоа ги запалиле и предизвикале пожар -соопшти МВР.

Од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга, пожарот бил изгаснат, а двајцата потпалувачи биле приведени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот