Олдтајмер - Застава стоеден - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Паднато дрво во Жена парк - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ФОТО | Падна дрво во Жена-парк, исушеното стебло се преполови под тежината на гранките

Во колку лоша состојба се наоѓаат некои дрвја во Скопје пример е дрвото кое денеска падна во Жена-парк. Неговото стебло било толку исушено што буквално, под тежината на гранките, се скршило на половина. Со оглед на тоа колку минувачи има низ овој парк, среќа е што никој не е повреден.

Олдтајмер - Застава стоеден - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Паднато дрво во Жена парк – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Во Скопје честопати се случува да падне дрво при невреме, некој посилен ветар или затоа што стеблото му е исушено или изгниено. Од ЈП „Паркови и зеленило“ неколкупати сме побарале одговор дали редовно се контролира состојбата на дрвјата во градот, особено на постарите. Одговорот речиси редовно е потврден.

Олдтајмер - Застава стоеден - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Паднато дрво во Жена парк – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Од друга страна, вообичаена пракса е сечењето на дрвја низ Скопје да се спроведува по пријава на граѓани откако претходно ќе се утврди состојбата, но скопјани можат да забележат дека голем број дрвја обележени за сечење, со месеци стојат неисечени.

Затоа, внимателно движете се под дрвјата, особено оние кои се повеќегодишни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот