Пациенти со онколошки заболувања ќе примат терапија во блиските болници

Во иднина пациенти со онколошки заболувања нема да мораат да доаѓаат во Клиниката за онкологија за да примат терапија, туку тоа ќе можат да го сторат во најблиската болница.

-Министерството за здравство работи на протокол за дистрибуција на терапија за пациенти со онколошки заболувања. Тој протокол утре треба го финализираме со директорот и стручниот колегиум на Клиниката за онкологија, во однос на тоа, кои пациенти ќе можат да ја примат терапијата надвор од Клиниката, за да не патуваат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека протоколот го подготвиле во Министерството за здравство независно од тоа што на оваа клиника има двајца здравствени работници заразени со Ковид-19.

-Двајцата работници, но тие не се врзани со пациентите и на клиниката работата се одвива во најдобар ред, нема рестрикции, ниту посебен протокол, рече министерот.

Во однос на новозаболената докторка на Интерното одделение во Кочани, министерот рече дека е направена анкета и оти нема позитивни пациенти во нејзина близина.

-Сомнежот е дека е инфицирана на друго место. Разговарав со директорот на болницата во Кочани и сите пациенти со хронични заболувања можат да одат на домашно лекување. Ќе се реорганзира работата и тој процес е во тек, рече минситерот Филипче. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот