Овошје лимони портокали цени во маркети / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Овоштарите вознемирени од увозот на заразени цитруси од Африка и Израел

Овоштарите собрани во европската чадор асоцијација на земјоделци „Копа – Когека“ се вознемирени од бројот на пресретнати увезени цитруси загадени со штетници. Во периодот од јануари до август 2023 година, европската царина пресретнала 33 пратки со цитрус од Јужна Африка кои биле носители на болеста црна дамка.

Истовремено, во последните четири контроли е пријавено присуство на лажен молец кај мандарини и грејпфрут, кои исто така доаѓаат од Јужна Африка и Израел. Овие штетници се значителен ризик за производството и треба да ги поттикнат европските власти да преземат подалекосежни мерки, велат овоштарите вознемирени од оваа честа појава и стравуваат дека болестите би можеле да ги загрозат европските овошни насади. Мал или никаков пад е забележан во бројот на пресретнати серии на паразити кои носат цитрус, особено од Јужна Африка. Ова е голема опасност, бидејќи во Европската унија има околу 600.000 хектари површини под цитрус, пишува „Агроклуб“.

Цели економии на многу региони зависат од синџирот на снабдување на овие овошни видови. Ако болеста ги зафати овоштарниците во ЕУ, тоа ќе биде катастрофа и за производителите и за целиот синџир на снабдување и ќе ја загрози понудата на цитрус за потрошувачите. Рамон Арменгол, претседателот на „Копа – Когеке“ рече дека ова здружение е за слободна трговија, но не сакаат да увезуваат штетници во ЕУ кои имаат потенцијал да ги уништат сите овошни насади. Европската комисија воведува мерки за поттикнување на студениот третман за увоз на портокали, но тој треба да стане задолжителен за увоз на мандарини и грејпфрут, според препораката на ЕФСА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот