20-ти марш на ангелите/ Фото: Принтскрин

Оваа сабота нема да се одржи Маршот на Ангелите во Кочани

Од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ соопштија дека оваа сабота (13 септември) нема да се одржи редовниот „Марш на Ангелите”.

– На овој ден ќе биде извршен црковен помен на вечните почивалишта, по повод навршувањето шест месеци од трагичната смрт на нашите деца, се наведува во објавата на здружението.

Од здружението упатија благодарност за разбирањето и повикаа граѓаните со достоинство да се приклучат на молитвениот чин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот