Фото: Принтскрин/Инстаграм

Оваа холивудска ѕвезда стана најплатениот актер на сите времиња, ги надмина хонорарите на Брус Вилис и Том Круз

Кога ќе слушнете кој станува најплатениот актер во историјата, веројатно нема да се изненадите. Оваа филмска ѕвезда има огромен број обожаватели низ светот. Неговата нова улога му носи престижен статус, односно враќање во универзумот на „Марвел“.

Роберт Дауни помладиот станува најплатениот актер во историјата, најавено е дека се враќа во тимот на „Марвел“, но не како „Железниот човек“ (Iron Man) туку како негативецот познат како Доктор Доум, кој ќе се појави во новиот филм од филмскиот серијал „Одмазници“ („Avengers“), наречен „Одмаздници: судниот ден“ („Avengers: The Doomsday“).

Благодарение на ова, тој ќе добие повеќе од 62 милиони фунти, плус дел од заработката од киноблагајните. Другите поволности во договорот вклучуваат патување со приватен авион и специјално осигурување, пишува „Дејли мејл“.

Роберт Дауни помладиот ќе ги надмине хонорарите на Брус Вилис во „Шесто сетило“ (The Sixth Sense), Том Круз во „Топ Ган“ (Top Gun) и Вил Смит во „Мажи во црно 3“ (Men in black 3).

Новите актерски ангажмани на Роберт Дауни беа објавени неодамна на Комик кон во Сан Диего. На сцената го пречекаа браќата Русо, кои ќе режираат две нови филмски продолженија за „Одмазници“.

Иако „Марвел“ долго време е најдоминантниот бренд во глобалната кинематографија, неодамнешните филмови како продолженијата на „Ant-Man“ и „The Marvels“ пропаднаа. Филмските режисери се надеваат дека враќањето на Роберт Дауни помладиот ќе ја промени ситуацијата на подобро.

Претходните два филма „Одмаздници“ се снимаа во САД, продолжението ќе се снима во Лондон напролет следната година.

По Кејт Мидлтон и Џони Деп се зафркна: Со фотошопирана фотографија му го честиташе Оскарот на Роберт Дауни помладиот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот