Фото: Pexels

Оваа есенска храна го намалува холестеролот, го регулира варењето на храната и ги ублажува симптомите на гастритис

Есента е во знакот на грозјето, костените, зелката, оревите и разни други овошја и зеленчуци кои, освен што се богати со вкусови, содржат и изобилство од драгоцени хранливи материи што ќе го штитат нашиот организам од болести во текот на постудените денови. Меѓу есенската суперхрана се наоѓа и омилената пченка, пишува „Живим“.

Тестовите со варена или печена пченка се прв знак на есента. Со оглед на благиот, сладок вкус, не е чудно што е омилена намирница, но би требало да биде и поради нејзините нутритивни вредности. Имено, пченката е уште една од намирниците богати со растителни влакна кои го намалуваат покачениот холестерол и ја регулираат дигестијата, а содржи и висок удел на фолна киселина, витамин Б1, кој е важен за правилна работа на мозокот, како и јаглехидрати кои нè снабдуваат со потребната енергија.

Пченката не содржи многу калории, еден кочан има околу 100, па без грижа можат да ја консумираат и оние кои внимаваат на линијата. Бројни истражувања покажаа дека пченката е важен заштитник на срцето поради изобилството на витамин Б5, фолна киселина, бета каротен, витамин Ц, фосфор, калиум и магнезиум, како и антиоксидантите лутеин и зеаксантин. Исто така, истражувањата покажаа дека пченката помага во развојот на добри бактерии во дебелото црево и дека помага при стомачни проблеми бидејќи ги ублажува симптомите на гастритис и чир на желудникот.

Два најчести типа на пченка се шеќерецот, кој најчесто се користи за готвење или се јаде сам, и полската пченка, која обично се меле и се користи како брашно. Ако купувате свежа пченка, внимавајте зрната да не се исушени и листовите да бидат што поздрави, а кога ја чувате во фрижидер, не ја држете блиску до намирници со интензивен мирис бидејќи пченката лесно ги апсорбира мирисите. Секогаш е најдобро да се јаде свежа пченка, но и замрзнатата е добар избор, додека онаа од конзерва користете ја само ако навистина немате ништо друго при рака.

Свежата пченка обично се вари или се пече на скара и како таква е одлично и здраво јадење, со малку сол. Но, варијантата во која се прелива со путер подобро е да се избегнува за да не ги намалите сите нејзини здравствени придобивки. Зрната од пченка можете да ги додавате во чорби, супи, јадења од зеленчук и салати, а од пченкарно брашно, освен палента, можете да подготвувате и палачинки, колачиња и други десерти или пак тортиљи. Исушените зрна можете да ги користите за подготовка на пуканки, кои се вкусен и здрав оброк, но повторно без преливи од путер, чоколадо и слично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот