Фото: Profimedia

Ова се петте реченици кои жените сакаат да ги слушнат за време на сексот

И зборовите можат да бидат моќен афродизијак во спалната соба, пишува „Дневник“.

Секој има свои преференции кога станува збор за водењето љубов, но овие пет реченици без сомнение ќе бидат одобрени од повеќето жени.

„Кажи ми што сакаш“

Митот дека мажите треба да ни ги читаат мислите кога станува збор за водењето љубов е одамна заборавен. Ако сакаме нешто, тогаш треба да го кажеме, а уште поубаво е кога и самиот маж покажува интерес за задоволството на партнерката и сака да ѝ угоди.

„Да, имам кондом“

Самосвесните жени сами ќе се грижат за контрацепција, но секогаш сакаат да знаат дека и нивниот партнер се грижи за тоа и е свесен за важноста на одговорното сексуално однесување.

„Дали ти се допаѓа тоа што го правам?“

Срамежливите жени можеби нема веднаш да му кажат на партнерот што најмногу им одговара. Еве зошто ова едноставно прашање е ефикасен начин за мажот да открие дали жената се чувствува добро или не.

„Ги обожавам твоите…“

Сите понекогаш се чувствуваме малку несигурно кога водиме љубов, па секогаш е убаво да се слушне што најмногу му се допаѓа на партнерот кај нас и од што не може да се засити. Ваквиот искрен комплимент во интимните моменти ќе го поттикне чувството на самодоверба кај жените.

„Фантастична си“

Мажите сакаат кога жените им даваат комплименти за нивните сексуални вештини, но зошто да не биде и обострано? Квалитетниот секс е двонасочен процес, во кој и жената сака да се почувствува валидирано за своите постапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот