
Ова е најздравиот прав во светот: Го подобрува варењето, го штити црниот дроб и го намалува холестеролот
Содржината на бета-каротен во спирулината е речиси 30 пати поголема отколку во морковот, а дневната доза од оваа модрозелена алга содржи повеќе железо отколку две шолји спанаќ. Се покажала како многу ефикасна. Оваа извонредно хранлива алга е корисна за здравјето на срцето, регулирањето на шеќерот, варењето, имунитетот, енергијата, обновувањето на мускулите и видот. Благодарение на својата отпорност, таа може да преживее и во екстремно алкални услови на многу солена вода што содржи од 30 до 270 грама сол на литар. Освен тоа, спирулината е богат извор на протеини, минерали и други хранливи материи — доволно добри причини за да ја наречеме совршен сојузник на здравјето, пишува „Живим“.
Препорачано
Препорачаната дневна доза на оваа модрозелена алга изнесува околу пет грама, а со текот на времето може да се зголеми и до десет грама дневно. Најчесто се продава во форма на таблети или прав, а седум грама спирулина во прав ги задоволуваат дневните потреби за 14 отсто од тиаминот (витамин Б1), 20 отсто од рибофлавинот (витамин Б2), 11 отсто од потребите за железо и 47 отсто од препорачаната дневна количина бакар. Покрај овие, спирулината содржи и калциум, хром, магнезиум, манган и цинк, како и витамини Ц и Е.
Моќни антиоксидативни и противвоспалителни својства
Спирулината е богат извор на антиоксиданси кои можат да штитат од оксидативно оштетување. Главната активна компонента е фикоцијанинот – пигментно-протеински комплекс што ѝ ја дава препознатливата модрозелена боја. Освен што ѝ дава боја, фикоцијанинот дејствува и против слободните радикали, го спречува создавањето на воспалителни сигнали и нуди импресивен антиоксидативен и противвоспалителен ефект.
Го подобрува варењето
Спирулината содржи амино киселини кои ги активираат дигестивните ензими и со тоа овозможуваат полесно варење. Исто така, ѝ помага на цревната флора бидејќи го поттикнува имуниот систем во борбата против вируси и инфекции.
Ги намалува нивото на ЛДЛ и триглицериди
Редовната употреба на спирулина може да го намали вкупниот холестерол, „лошиот“ ЛДЛ холестерол и триглицеридите, а истовремено го зголемува „добриот“ ХДЛ холестерол. Во едно истражување со 25 лица со дијабетес тип 2, дневна доза од 2 грама спирулина значително ги подобри овие маркери. Друго истражување кај лица со висок холестерол покажа дека 1 грам спирулина дневно ги намалува триглицеридите за 16,3%, а ЛДЛ за 10,1 отсто.
Го штити црниот дроб
Фикоцијанинот кој се наоѓа во спирулината, според истражувањата, ги штити клетките на црниот дроб од токсични оштетувања.
Покрај овие придобивки, спирулината ја зголемува енергијата, го намалува стресот и анксиозноста, ја регенерира тироидната жлезда, ги ублажува симптомите на ПМС, ја подобрува концентрацијата и меморијата, и го храни организмот со потребните хранливи материи. Поради целиот овој спектар на позитивни ефекти, ви предлагаме едноставен начин како да ја вклучите во исхраната.
Енергетски топчиња со спирулина
Состојки (за 12–15 топчиња):
- 100 г бадеми или ореви
- 100 г суви урми (без семки)
- 4–8 г (1–2 лажички) спирулина во прав
- 12 г кокосово брашно (плус малку за валкање)
- 8 г какао во прав (по желба)
- 15 г мед или јаворов сируп (по вкус)
- 15 мл кокосово масло (по потреба за сврзување на смесата)
Подготовка:
Потопете ги урмите во 100 мл топла вода околу 10 минути, потоа исцедете ги. Сомелете ги оревите или бадемите во блендер или сечко додека не добиете ситни трошки. Додајте ги урмите, спирулината, какаото и кокосовото брашно, па мешајте додека не добиете леплива смеса. Ако смесата е пресува, додадете кокосово масло или малку вода (10–15 мл). Обликувајте топчиња (околу 20 г едно) и валкајте ги во кокосово брашно или мелен орев.
Ставете ги топчињата во фрижидер најмалку 30 минути за да се стегнат. Топчињата може да ги чувате во фрижидер до седум дена, или во замрзнувач до два месеца.
Тие се одличен меѓуоброк за енергија и внес на протеини.