Отворена истрага против Рајанер во Италија, ги блокирал другите превозници

Италијанскиот регулатор за конкуренција отвори истрага против Рајанер за можна злоупотреба на доминантната позиција што предизвика „сериозна и непоправлива“ штета на туристичките агенции, другите превозници и патниците, објави во понеделникот весникот ИлМесаџеро, пишува Хина.

Во неколку наврати, Рајанер блокираше физички и онлајн тур-оператори да пристапат до понуди и попусти на неговата веб-страница, откри регулаторот. Официјалната одлука треба да биде објавена во текот на денот. Портпаролот на Рајанер во Италија не беше веднаш достапен за коментар за извештајот. Ирскиот превозник има најголем удел на италијанскиот пазар, покажуваат податоците на регулаторот.

Најголемата европска авиокомпанија по број на патници има рок од осум дена да одговори на одлуката на регулаторот. Нејзините претставници најверојатно ќе се сретнат со претставници на агенцијата во втората половина на неделата, пишува Ил Месаџеро. Доколку Рајанер не понуди убедливи аргументи за своите постапки, ќе мора да ги отстрани сите пречки што ги поставува за туристичките агенции и конкурентите, додава весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот