Откриени мигранти скриени во камион-ладилник близу границата на Германија со Чешка

Германската полиција пронајде 31 мигрант скриени во камион-ладилник со турски регистарски таблички во близина на границата со Чешката Република.

Камион што превезувал овошје бил запрен доцна синоќа на автопатот А 17 – од границата со Чешката Република до Дрезден, и при проверка чија цел е борба против прекуграничен криминал, откриено е дека во него се скриени 31 мигрант.

Сите мигранти се мажи, на возраст меѓу 18 и 47 години, од Турција, Сирија, Иран и Ирак.

Приведен е 57-годишниот возач на камионот кој е со турска националност, јави ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот