Средства за дезинфекција на раце на Дизни/ Фото Јутуб

Откриени канцерогени материи во средства за дезинфекција на раце на „Дизни“

Американските власти открија канцерогени материи во две средства за дезинфекција на рацете на компанијата „Дизни“.

Компанијата ги повлече овие производи од пазарот.

Агенцијата за храна и лекови (ФДА), по тестирањето на средствата за дезинфекција на рацете од марките „Мандалоријан” и „Мики Маус”, откри дека тие содржат бензен и метанол, пренесува Ен-Би-Си њуз.

„Дизни” овие производи ги набавувале преку Best Brands Consumer Products, кои го суспендираа својот бизнис минатиот април од комерцијални причини.

Компанијата соопшти дека сè уште не добила извештаи за штетни несакани ефекти од средствата за дезинфекција, ниту за други серии свои производи за дезинфекција на раце кои содржат 68 проценти етил алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот