
Откриена последната желба на Армани во тестаментот: Модната империја да се продаде или да излезе на берза во следните години
Неодамна починатиот моден дизајнер Џорџо Армани наложил на своите наследници постепено да го продаваат модниот бренд што го создал во текот на изминатите 50 години или да се стремат да излезат на берзата, објавија странските медиуми, повикувајќи се на увидот во тестаментот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во документот се наведува дека наследниците првично треба да продадат 15 проценти удел во италијанската модна куќа во период од 18 месеци, а потоа да продадат дополнителни 30 до 54,9 проценти удел на истиот купувач во рок од три до пет години од смртта на Армани.
Тестаментот диктира дека приоритет за време на продажбата треба да им се даде на модниот гигант „ЛВМХ“, козметичките компании „Лореал“ и „ЕсилиорЛуксотика“ или слична група компании што ќе бидат одредени од фондацијата што е основана за да го зачува наследството на Армани, а ја води деловниот и животен партнер на дизајнерот Панталео Дел’Орко.
Како алтернатива, беше понудено да се појави на берза во Италија или на некој пазар со слична вредност, додавајќи дека изјавите во тестаментот се во остра спротивност со постојаното одбивање на Армани да ја отстапи контролата или да ги котира акциите на компанијата на берзата.
Дизајнерот, познат во индустријата како „Кралот Џорџо“, почина на 4 септември на 91-годишна возраст.
ФОТО | Се одржа комеморација за Џорџо Армани: Стотици луѓе му оддадоа почит на легендарниот дизајнер