Фото: МВР

Откако зачестија пожарите, полицијата почна да ги апси горачите на кабли

МВР попладнево извести за уште двајца луѓе кои се уапсени бидејќи наводно имале запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре на потегот меѓу селата Кадино и Миладиновци.

„Патролата на интервентната полиција го забележала црниот дим и се упатиле на местото при што ги затекнале двете лица. Огнот е брзо изгаснат при што било спречено негово брзо ширење. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31). Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава“, известуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот