фото: mtftennis.mk

Осум македонски тенисери ќе играат на главниот турнир на фјучрсот во Скопје

Калин Ивановски кој има најдобар ранг од македонските тенисери ќе ја предводи групата од вкупно осум македонски тенисери кои ќе бидат дел главниот турнир на фјучрсот во Скопје.

На оваа бројка секако може да им се приклучи уште некој од нашите тенисери доколку ги мине кавлификациите.

Покрај Ивановски настап на главниот турнирќе имаат: Обрад Марковски, Берк Бугариќ, Горазд Србљак, Амар Хусеиновиќ, Марко Стоилковски, Бесир Дургути и Шендрит Деари.

Главниот турнир и мечевите во игра на двојки стратуваат во вторник.

У14: Првите места за Митевска и Вукичевиќ

Во конкуренција за играчи до 14 години државен првак е Горјан Вукичевиќ (Југ) кој со 2:0 во сетови (6:1, 6:3) го победи Матеј Попов (МТП). Вукичевиќ е носител на „двојна круна“ откако во игра на двојки заедно со Александар Грујиќ ги победија Марко Алексовски и Матеј Попов со 2:1 во сетови 2:6 7:6 (7) 10:6.

Во женска конкуренција доминантна во финалето беше Сара Митевска (Југ) која без загубен гем ја совлада Љубица Андоновска (Југ) со 2:0 во сетови (6:0 6:0). Во игра на двојки Митевска, Андоновска ги победија Миа Спировска и Лина Николовска со 2:0 во сетови (6:0 6:0). Мечевите се играа на терените на МТП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот