Фото: Архива на СП

Осуденик на смрт погубен во Алабама за убиство на жена, „инспирирано од мрачна сцена“ од холивудски филм

Алабама во четвртокот го погуби осуденикот на смрт Џејмс Осгуд извршител на брутално силување и убиство на братучетката на неговата девојка.

Алабама го погуби 55-годишниот со смртоносна инјекција, што го прави вториот осуденик на смрт во државата оваа година и 14-ти во САД. Констатирана е смрт во 18 часот и 35 минути.

Во месеците и годините пред неговото погубување, Осгуд ги отфрли сите негови жалби, го отпушти својот адвокат и му кажа на судијата дека е подготвен да умре за своето злосторство: силувањето и убиството на Трејси Лин Вилемон во 2010 година, 44-годишната која сакала да го обнови својот живот по разводот.

„Трејси, се извинувам“, рекол Осгуд непосредно пред да биде погубен, според сведоците на медиумите, вклучително и Асошиејтед прес, кој објави дека и Осгуд плачел додека ја изгубил свеста.

Последната адвокатка на Осгуд, Алисон Молман, во изјавата за Икс рече дека оние кои го сакале Осгуд „ќе го паметат како човек кој бил повеќе од неговите најлоши постапки“.

„Нема да се оправдуваме за штетата што ја предизвика“, рече таа. „Но, ќе се сеќаваме на доброто што го видовме во него… Ќе се потсетиме дека постапките може да бидат зли или лоши, но луѓето не се. Луѓето може да се искупат“.

Републиканската гувернерка на Алабама, Кеј Ајви, во изјавата рече дека убиството на Вајлемон „било со предумисла, грозно и вознемирувачко“.

„И господинот Осгуд и неговата соучесничка – кои никогаш нема да ја видат светлината на денот – од моментот кога биле инспирирани од сцената на мачење во холивудски филм, решиле да го извршат ова грозоморно злосторство против г-ѓа Вилемон и сега ја плаќаат цената“, рече таа по егзекуцијата. „И да бидеме јасни: на крајот од сето ова, г-дин Осгуд ѝ го одзема животот на г-ѓа Вилемон, нешто што никогаш не може да се промени за неа или за нејзиното семејство. Се молам нејзините најблиски да почувствуваат некое чувство на завршница денес“.

На 13 октомври 2010 година, Џејмс Осгуд и неговата девојка Тоња Вандајк ја нападнале Трејси Лин Вилемон во нејзината спална соба, признал тој во полицијата.

Вандајк и Вилемон биле братучетки кои пораснале заедно во Јужна Калифорнија, изјавила за „Usa today“ полусестрата на Вилемон, Триша Џексон, велејќи дека злосторството го шокирало целото нивно семејство и предизвикало раздор кој никогаш нема да се поправи.

И Осгуд и Вандајк ја силувале Вајлемон и ја принудувале да врши сексуални дејствија врз нив, според признанието на Осгуд. Потоа тој ѝ го пресекол грлото неколку пати пред да ја прободе во грб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот