Фото: Пекселс/ daniele-putti

Островот во Медитеранот сè уште се спротивставува на масовен туризам

Иако е полн со прекрасни плажи, фантастична храна и богата историја, медитеранскиот остров Сардинија често останува неоткриен од туристите. Сепак, оние што го посетиле тврдат дека ова „скриено богатство“ ги надминува сите други дестинации.

Сардинија се наоѓа приближно на половина пат помеѓу италијанскиот и шпанскиот брег и е далеку помалку популарна од туристичките жаришта како Грција и Шпанија. Додека во тие земји локалното население се жали на прекумерен туризам, Сардинија нуди многу простор и разновидни локации.

Сардинија е идеална дестинација од неколку причини. На јужниот дел од островот се наоѓа главниот град Каљари, каде што можете да го доживеете бучниот градски живот. На другиот крај од островот се наоѓа Алгеро, град познат по својата извонредна гастрономска понуда. Североисточниот брег, познат како Порто Черво, е омилено место за богатите Европејци, каде што можат да се видат луксузни јахти.

Гастрономската понуда е, како што се очекува од италијанска дестинација, исклучителна. Повеќето од рестораните го опслужуваат локалното население, што гарантира квалитет и автентичност. Посебно искуство нудат традиционалните рурални домаќинства кои нудат сместување и оброци направени од локални состојки.

Главната атракција на Сардинија се нејзините зачудувачки убави плажи, од кои секоја може да се прогласи за национално богатство. Две плажи од Сардинија беа на листата на 50 најубави плажи во светот, а една дури и го освои второто место. Некои од најубавите плажи се Кала Мариолу, Спијаџа дела Пелоса, Спијаџа дел Пирата (Spiaggia del Pirata)Спијаџа Рена Бјанка (Spiaggia Rena Bianca) и Кала Корсара.

Широката градска плажа Поето во Каљари е исто така омилена кај локалните жители. Доколку барате дестинација која ги комбинира природните убавини, луксузот, мирот и автентичноста, Сардинија може да биде вашето совршено место за летен одмор. До островот најлесно се стигнува со летови до аеродромите во Каљари (југ) и Олбија (североисток).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот